Фестивалот за детски песни „Поточиња“ и годинава ќе гостува во Охрид

- Локални
1411

Фестивалот за детски песни „Поточиња“ и годинава традиционално ќе гостува во Охрид. За најмладата публика, фестивалот ќе се одржи на 30 мај (вторник) во Центарот за култура Григор Прличев во Охрид со почеток во 11 часот.

Детскиот фестивал „Поточиња“ своето прво издание го имаше во  2004 година. Неколку години наназад организаторите ја негуваат практиката, по фестивалските денови во Скопје, да ги презентираат детските песни и во  другите градови.

Влезниците ќе бидат по цена од 100 денари. Организатор на настанот е „ПАП Продукција“.

Извор: ОхридПрес

Facebook Коментари