Лев банер Десен банер

Филмот „Само ѓаволот се плаши од вода“ вечерва пред охридската публика

После премиерата на фестивалот „Манаки“, краткиот игран филм „Само ѓаволот се плаши од вода“, во режија на Лидија Мојсо вечерва во 20:00 часот е на репертуарот на Центар за култура ,,Григор Прличев“ Охрид .
Сценариото е на Лидија Мојсо и Јаков Поповски.
▪️ Пријателството на Борис и Кира е ставено на тест, кога Борис, под сугестија на баба му, почнува да се сомнева дека другарка му е под влијание на ѓаволот. Ова води кон недоверливост кон нејзината добрина, се до моментот кога Кира ќе му ја открие вистината за нејзиниот живот.
Играат: Ангел Ристоски, Анастасија Јованоска
Продукција: Лист Продукција (MK)
Продуцент: Марија Димитрова
Ко-продукција: Antitalent (HR)
Копродуценти: Маја – Пек Брунес, Катарина Прпиќ
Директор на фотографија: Бранко Аврамовски
Монтажа: Михаил Димитров
Дизајн на костим: Розе Тајческа – Ристовска
Дизајн на продукција: Александра Чевреска
Шминка: Снежана Ангеловска Живковска
Дизајн на звук: Мартин Семенчиќ
Оригинална музика: Ален Синкауз, Ненад Синкауз
Влезот е слободен.

error: