Филмот „Скршено“ на 3-ти јули пред струшката публика

- Локални
918

Во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, во вторник на 03.07.2018, на кино-репертоарот ќе се прикажува филмот „ Скршено“. Влезот е 100 денари

Овој нискобуџетен филм со почетен капитал од 500.000 евра, е проект на копродуценти од Албанија, Франција, Италија, Грција и Македонија, што се реализира преку новоформираната филмска компанија “Балкан Синема Ситис“.

Јани Буди, откако излегува од затвор во Анкона, се качува на брод да се врати во својата татковина – Албанија. Потоа се качува на воз до Тирана и додека патува не го препознава пејзажот. Шета по улица која е исто така многу променета и доаѓа до својата стара куќа која ја нема видено осумнаесет години. Од своите стари комшии ја дознава шокантната вистина: жена му починала откако бил уапсен, а син му Анди станал богат и корумпиран политичар.

Ова е одлчична можност за сите љубители на седмата уметност во Струга, да уживаат во овој филм.

Strugaonline

 

Facebook Коментари