Вечерва и утревечер со почеток во 19:00 часот, во големата сала при НУЦК „Браќа Миладиновци“ – Струга, премиерно пред струшката публика ќе се прикажува филмот ,,Снежана на крајот умира.“

Овој филм е деби на режисерот Кристијан Ристески, со кој се затвори овогодинешното издание на филмскиот фестивал „Браќа Манаки“.
„Снежана на крајот умира“ имаше светска премиера во јануари, на фестивалот Слемденс во САД. Продукцијата е на „Вертиго визуал“, а продуцент е Дарко Попов. Играат Наташа Петровиќ, Верица Недеска, Сашко Коцев, Ивица Димитријевиќ, Денис Абдула, Тино Костадиновски и Давид Јанакиев.

По сценарио на Ристески, филмот раскажува за седум луѓе кои живеат во време кога се во конфликт со нивните вредности. Животите на еден самотник што уште живее со родителите, лице со Аспергеров синдром, вработен во видео-клуб, момче од маркетинг агенција, маалски филозоф и гинеколог се испреплетени во три откачени приказни за љубовта, пријателството и посветеноста.
Влезот е 120 денари.
Влезот е 120 денари.
Facebook Коментари