Филмот за деца ,,Макси и бесната дружина“ денеска пред струшката публика

- Локални
312
Започнува неделата на детски филмови во Центар за култура ,,Браќа Миладиновци“. Се’ до петок, ќе бидат проектирани филмови за деца. Влезот за проекциите е 100 денари, а детската публика ќе има исклучителна можност да ги проследи најновите филмски хитови.
Денеска ќе се прикажува филмот ,,Макс и бесната дружина“.
-Вашиот нов дом во вистински замок – можете ли да замислиш нешто покул? Деветгодишниот Макс може. Затоа што замокот Геролдсек е дом за стари лица полн со збрчкани баби и
дедовци. Но, тој сега живее во замокот, за мајка му, која е медицинска сестра и самохран родител, да може да работи ноќни смени. Тој е единствено дете меѓу сите овие стари…
Но, Макс наскоро се спријателува со дел од постарите жители на домот: актерката Вера, фудбалскиот тренер Хорст и истражувачот Килијан, заедно попознати како Бесната дружина. Макс исто така забележува дека нешто чудно се случува во старите ѕидови на домот. Изгледа дека мистериозен крадец краде скапоцености од собите на жителите среде бел ден. Меѓу осомничените е и мајката на Макс, на која и се заканува отказ. Макс ги здружува силите со Вера, Хорст и
Килијан за да го изведе вистинскиот крадец пред лицето на правдата.-стои во описот на содржината.
 Првата проекција е закажана за  во 13:00 часот,  а втората во 18:00 часот.
Strugaonline

Facebook Коментари