Filmovizija vol.2 во Охрид на 24-ти април

- Локални
1657

Во вторник, на 24-ти април во Охрид  ќе се одржи најновото издание на шоуто „Filmovizija vol.2“ кое со задоволство ви го претставуваат  учениците од охридската гимназија „Св. Климент Охридски“.

– После долго време чекање Филмовизијата се враќа. Вратите на шоуто на годината ќе бидат отворени во 20:00 часот на 24-ти април, каде уште на влезот ќе ја осетите моќта на 80 амбициозни гимназијалци. Исто место, иста екипа, нови изведби. Продолжение на трилерот кој ве стави во неизвесност и кој повторно ќе ви ја наполни енергијата со духот на филмот. Преку овој хуманитарен настан им овозможуваме матурска екскурзија на другарите кои не се во можност да си ги дозволат тие неповратни животни спомени. – велат организаторите.

На овој настан, присутните ќе ги забавува „Бесниот бенд“, заедно со специјалните гости. Влезниците ќе чинат 100 денари, а ќе можат да се купат во Гимназијата, или на влез на самиот ден на настанот.

– Ние не сме професионалци, ние сме ГИМНАЗИЈАЛЦИ, потсетуваат  младите ентузијасти и хуманитарци.

Strugaonline

Facebook Коментари