Физички пресметки и прекршување на полициски час во Мислешево и Октиси

- Локални
2639
Во текот на изминатото деноноќие (27/28.04.2020 година), за време на спроведувањето на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19, според статистичките податоци на МВР, три лица во Струга кои не ја почитувале забраната за движење, околу 21 часот, извршиле физички напад врз жител од струшкото село Мислешево. Се преземаат мерки за нивно пронаоѓање. На 27.04.2020 година околу 16 часот, во струшкото село Октиси, регистрирано е непочитување на забраната за движење и нарушен е јавниот ред и мир со карање и физичка пресметка  помеѓу А.М.(30) и А.М(38), во која се вклучиле А.Ц. и едно малолетно лице, сите од истото село. Истиот ден, во 21.50 часот, на булеварот „АСНОМ“ во Охрид, Н.А..(40) од Охрид, кој поседувал дозвола за движење, го нарушил јавниот ред и мир со физички напад врз полициски службеник кој вршел службени дејства.

На 27.04.2020 година во 16.30 часот, на локален пат во кичевското село Осој, три лица не ја почитувале забраната за движење и го нарушиле јавниот ред и мир со физички напад извршен од Р.В.(29) од истото село врз С.М.(26) и Б.М.(19), двете од Кичево. Против нарушителите ќе бидат поднесени соодветни пријави. Во истиот период, не се евидентирани кражби и  сообраќајни незгоди.
На подрачјето на СВР Охрид, моментно, евидентирани се вкупно 91 лице во изолација (Охрид-68, Струга-23). Од страна на полициски службеници извршени се 70 контроли врз лицата во изолација (Охрид-64, Струга-6).
Вкупниот број на лицата во самоизолација, во моментов  изнесува 294 лица (Охрид-32, Струга-240, Кичево-5, Дебар-17). Врз овие лица, извршени се 135 контроли (Охрид-28, Струга-89,  Кичево-5, Дебар-13). Полициските службеници извршија 77 контроли на угостителски и други  објекти.
Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари