Фолклорна смотра во чест на Св. Климент Охридски утревечер во Охрид

- Локални
618

Фолклорна смотра ,, Македонските фолклорни анасамбли во чест на Свети Климент Охридски“ ќе се одржи утре во Домот на култура во Охрид,  во организација на Сојузот на фолклорни ансамбли на Македонија (СОФАМ), западен регион.

Настанот се одржува во чест на Патронот на градот – Св.Климент Охридски. Ќе учествуваат петнаесет културно-уметнички друштва и фолклорни ансамбли , вклучувајќи го и КУД ,,Дримкол“ од Вевчани.

Пред концертот ќе има дефиле низ охридската чаршија и положување  цвеќе на споменикот на Св. Климент Охридски.

Смотрата започнува во 17:00 часот, а влезот е 100 денари.

Facebook Коментари