Фондацијата Голдилокс Стејт ќе го имплементира проектот “Мобилен OneStop Кариерен Центар” во 26 општини во Република Македонија со цел да ги зголеми капацитетите на младите и жените и да им помогне да развијат вештини за вработување и самовработување и да придонесе за зголемување на економскиот и бизнис развојот во сите 8 плански региони во земјата.
Проектот ќе им помогне на учесниците да стекнат подлабоко познавање на трендовите и пазарните динамики во различни индустрии, постоечки или со потенцијал за развивање во нивните средини, како и кои се вештините што се потребни за успех и од аспект на потенцијален вработен, но и од аспект на потенцијален сопственик на бизнис во соодветната област. Тие ќе научат како да ги употребат нивните актуелни вештини и како да ги унапредат и ќе бидат мотивирани да преземат конкретни чекори за започнување или унапредување на нивните кариери.
Пријавете се за учество на следниот линк: http://bit.ly/
Првите 4ца пријавени на секој од настаните ќе имаат можност за индивидуално кариерно советување.
Промоцијата на проектот во Струга ќе се одржи на 24 јули во просториите на American Corner Struga
Сите заинтересирани за деталите , можат да се обратат на фан страната на Аmerican Corner Struga или на телефон: 076-375-333.
Извор: Strugaonline\American Corner Struga
Facebook Коментари