Форум за еднаквост и различност во Општина Струга

- Локални
247
Форум за еднаквост и различност се одржа во Советот на Општина Струга. Kaко што информираат од Општината, целта на истиот била презентирање на наодите и препораките на проектното истражување на општинските програми и буџети во насока на борба против дискриминација и инкопрорирање на интерсекцискиот пристап при решавање на предизвиците со кои се соочуваат жените и лицата со попреченост.
– Овој настан е дел од серија на Форуми за еднаквост и различност што се одржуваат во седумнаесет општини на територијата на Република Северна Македонија. Овие форуми ќе служат како клучни платформи за дијалог и соработка, со цел да се поттикне инклузивноста и да се адресираат релевантни прашања во нашите заедници.-соопшти Општина Струга.
Форумите за еднаквост и различност се дел од проектот „Од несвесни за различностите во трансформативни локални заедници кои препознаваат различности и инклузивна еднаквост“ финансиски поддржан од Делегацијата на Европска Унија во Северна Македонија, спроведуван од Сојуз-Национален совет за родова рамноправност, Полио Плус и Асоцијација за демократски иницијативи (АДИ) – Гостивар.
Strugaonline

Facebook Коментари