(ФОТО) Oпштина Струга апелира да не се поминува во близина на овој дел од кејот
Општина Струга излезе со апел до граѓаните, од безбедносни причини да не се поминува близу делот од кејот кој е покажан на фотографиите подолу.




„Иако е под ингеренции на друга институција, ЕЛЕМ и ХЕЦ Глобочица, и по многубројните барања и реакции, наидовме на глуво уво. Затоа од наша страна се работи на комплетирање на документацијата и е отворена процедура за јавна набавка за истото да се среди со средства од Буџетот на Општина Струга.
Сигурноста на граѓанинот, за нас е најбитна од се друго!„ – стои во апелот на Општина Струга
Извор: Општина Струга fb/ Strugaonline
Фото: Општина Струга

