Лев банер Десен банер

(ФОТО): Вевчански карневал 2026 низ објективот на Кики Муки Затуровска

Со традиционалното василичарско оро и палење на маските во дворот на Мултикултурниот центар во Вевчани, попладнево ќе заврши годинашното издание на Вевчански карневал.

Во фокусот и на годинашното карневалско издание беа актуелните состојби во земјава и светот. Мигрантски кампови во земјава, политичката состојба во државата, инвестициите во Дубаи, запирањето на нафта и пари од САД за Куба…

Креативните вевчанци на сатиричен начин ја претставија виртуелната министерка во Албанската влада, а не ги заборавија ниту претседателите на Русија, Владимир Путин и на САД, Доналд Трамп. Големо внимание привлече групната маска во кампањата за локалните избори на кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, како и кампањата на движењето ЗНАМ. Во Вевчани „дојде“ и „Шареното племе“ од Африка да го избрка злото.

Фото: Кики Муки Затуровска

StrugaOnline

error: