Француска музичка вечер и детска куклена претстава вечерва на Охридско лето

- Локални
724

Француска вечер со пијанистите Бурдонкле и куклената претстава „Тоби“ вечерва на програмата на фестивалот „Охридско лето“.

Во рамки на традиционалната Француска вечер, публика ќе има можност да го почувствува маестралното  музицирање на врвните француски пијанисти Мишел Бурдонкле и Николас Бурдонкле, а на програмата ќе бидат дела од Фредерик Шопен, Сергеј Рахманинов, Клод Дебиси и Дариус Мијо.
Концертот ќе се одржи во катедралната црква „Св.Софија“ со почеток во 21:00 часот.

За најмладата публика, на Охридско лето вечерва ќе биде одиграна  претстава „Тоби“ од Флоријан Зденек, а во режија на Драгослав Тодоровиќ. Претставата ќе ја одиграат актерите од Театарот за деца и младинци од Скопје, на големата сцена во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 19:00 часот.

Strugaonline

фото: Охридско лето

 

Facebook Коментари