Генералка викенд денеска во Струга

- Локални
322

Мен енд Маунтен, заедно со главните стратешки партнери Пивара Скопје и Пакомак, четврта година по ред ја организира масовната еколошка акција GENERALKA WEEKEND што ќе се реализира од денеска до 19-ти мај.

Еколошката акција во Струга  започна утрово пред новата зграда на општината.
Од Општина Струга информираа дека најголем акцент ќе се стави на крајбрежјето на Охридското Езеро и кејовите на реката Црн Дрим.

Во рамки на ,,Генерка викенд“ oваа година  се чисти во сите 81 општина и во националните паркови Шар Планина и Галичица. Повеќе од 16 000 волонтери од над 200 организации, граѓански, спортски и пензионерски здруженија и од повеќе од 300 образовни институции  чистат на над 300 локации.

Strugaonline

Facebook Коментари