Гимназијата,, Д-р Ибрахим Темо“ беше домаќин на професори и ученици од средното училиште ,,Данило Киш” – Будва

- Локални
993

Гимназијата,, Д-р Ибрахим Темо“ беше домаќин на неколкудневната посета на тимот професори, директорот и ученици од средното училиште ,,Данило Киш” – Будва.

Директорката на струшката гимназија, Бесиме Јонузи, информира дека по повод склучувањето на меморандумот за соработка помеѓу СОУ Гимназија ,, Д-р Ибрахим Темо” – Струга и ЈУСМШ ,,Данило Киш” – Будва и збратимувањето на истите, се одржале работни средби помеѓу професорите и раководниот кадар на двете училишта.

,,Професорите заеднички одржаа средба и со градоначалникот на Oпштина Струга. Учениците од Будва беа сместени кај ученици од нашата гимназија. Учениците присуствуваа на настава, воннаставни активности и ги посетија позначајните места во Струга и Охрид. “-изјави Јонузи.

Меморандумот за соработка, како што истакна, овозможил размена на стручни искуства на наставниот кадар од двете училишта, а учениците имаа можност да создадат нови пријателства.

Јонузи изрази голема благодарност за гостопримството што ученици и нивните семејства го покажале кон учениците од Будва.

Strugaonline

Facebook Коментари