Ѓоко Котески: Задоволство ми е што продолжи традицијата со организација на турнирите ,,Езерска Кралица“
Вчера заврши традиционалниот шаховски турнир „Езерска Кралица 2023“ што се одржа во хотел Дрим во Струга. Во прекрасни услови,Сала за игра, Хотел Дрим и прекрасниот град Струга оставија незаборавен впечаток на сите учесници. Сите честитки одат кај главниот организатор Г-нот Ѓоко Котески кој и оваа година се покажа како одличен организатор.

Се одиграа три турнири до 10 год. , до 14 год., и до 18 год.,
До 10 години: 1.Бурнс Кајла од ш.к.„Гамбит Асеко-СЕЕ“ – Скопје 2.Николовски Дамјан ш.к.„Гамбит Асеко –Сее“ – Скопје 3.Зимоски Надалина ш.к.„Алкалоид“ – Скопје
Во категорија до 8 години кои играа заедно во групата до 10 години врвот на табелата изгледаше вака: 1.Бурнс Бенџамин од ш.к.„Гамбит Асеко-СЕЕ“ – од Скопје 2.Цветановска Андреа ш.к.„Гамбит Асеко-СЕЕ“ –Скопје 3.Гиговски Михаел ш.к, Алкалоид“ –Скопје
Во категорија до 14 години табелата изгледаше вака: 1.Радоњанин Никола ш.к.„Гамбит Асек-Сее“ – Скопје 2.Петровски Никола ш.к.Гамбит Асеко-СЕЕ“ – Скопје 3.Бурнс Мајкл ш.к.„Гамбит Асеко – СЕЕ“- Скопје
Во категоријата до 12 години табелата изгледаше вака: 1.Петровски Никола ш.к.„Гамбит Асеко-СЕЕ“ – Скопје 2,Јаневски Никола ш.к.„Гамбит Асеко –сее“ 3. Диванисов Матеј ш.к, Алкалоид“ –Скопје На највозрасниот турнир првото место го освои Охриѓанецот Лушески Констанин од ш.к.„Ласкер“ – Охрид,на кого ова му е втора титула по ред во групата до 18 год. Табела изгледаше вака: 1.Лушески Константин ш.к.„Ласкер “ Охрид 2.ДаФа Сирио од Албанија 3.Јусуфи Ахмет од Косово.

-Ова беше одлична можност за играчите од Струга кои за прв пат учестуваа на ваков турнир да се стекнат со искуство.Задоволство ми е што и оваа година со помош на нашите спонзори и подржувачи успеавме да го организираме по четврти пат овој фестивал. Упатувам голема благодарност до сите нив.Се надевам дека бројката на учесници другата година ќе биде уште поголема и фестивалот Езерска Кралица да биде најдобриот младински турнир во Македонија- изјави Ѓоко Котески, директор на фестивалот.
Оваа година на овој шаховски фестивал учествуваа околу 60 натпреварувачи од Македонија, Албанија, Грција, Косово и Украина.
За повекје информации за турнирот пратете ја ФБ страната на турнирот International Youth Chess Tournament “Lake Queen”.
Strugaonline

