По последните настани во врска со дивата струшка депонија, на денешната вонредна седница на Општина Струга зборуваше и претставникот на граѓанската иницијатива Глигор Ќатоски.
Глигор Ќатоски, во петок 21 април во 12:00 часот ќе гостуваво емисијата „Плеј Кафе“ заедно со Ирена, во која на стружани подетално ќе им објасни за што точно е разговарано и одлучено.
Глигор Ќатоски, денес излезе со овие предлози и образложение за истите:
1. Превентивни предлог мерки од идно спалување на депонијата со стапување на сила веднаш и траење до релоцирање или конзервација на депонијата:
– Зголемување на бројот на чувари на депонијата на 6 лица кои ќе работат 24 часа во три смени;
– Воспоставување на видео надзор на депонијата (поставување камери)
– Патроли од полиција и пожарна во првиот месец на секој два часа а потоа на секој 6 часа.
2. Предлог за релокација на депонијата:
– Сметот од градот Струга најдоцна до 04.05.2017 година да се носи во депонијата во Буково;
– Најдоцна од 04.05.2017 година паралелно да почне да се одвива процес на релокација или конзервација на депонијата;
– Да се формира комисија од страна на Советот на Општина Струга во која еден член ќе биде од граѓанската иницијатива.
3. Предлози поврзани со проектот за регионална депонија за Југозападна Македонија:
– Да се донесат заклучоци кои заедно со петиција од страна на граѓаните ќе бидат доставени до надлежните министерства и Влада за забрзување на процесот со регионалните депонии.
4. Прашања од страна на граѓаните до надлежните органи.
Од страна на Советот на Општина Струга се разви дебата по сите овие точки по што се одлучи како итно, приоритет да се даде на втората точка за релокација на депонијата и понатамошно депонирање на сметот во депонијата во Буково. За таа цел се формира петчлена комисија која ќе биде работна група која ќе треба да преговара со Општина Охрид и другите надлежни републички органи за сметот во Градот Струга да почне да се депонира во депонијата во Буково. Ваквата комисија првичните резултати од преговорите треба да ги презентира најдоцна до 04.05.2017 година. Доколку ништо конкретно не биде направено од оваа комисија на 05.05.2017 година револтот на граѓаните ќе се радикализира и ќе биде блокиран патот што води до дивата струшка депонија.
За членови на петчлената комисија се назначени:
1. Ардијан Демири – Совет;
2. Мирче Аџиоски – Совет;
3. Владислав Жупан – Општинска администрација;
4. Гарип Каба – директор на ЈПК, и
5. Глигорие Ќатоски – претставник на граѓанската иницијатива.
Извор: StrugaOnline
Facebook Коментари