Објавена е годишната програма за финансирање на проекти од национален интерес од страна на Министерството за култура и туризам за 2025 година.

Ова се поддржаните проекти на НУ Музеј „Др. Никола Незлобински“:
– Осовременување на депоата во НУ Музеј „Д-р Никола Незлобински“ Струга – 4 фаза,
– Обука и остручување лица за вршење на препараторски и превентивни работи во областа на музејската дејност,
– Конзервација и реставрација на археолошкиот материјал од истражувањата на подводниот локалитет Врбник,
– Сондажни археолошки истражувања во дворно место во КП 11079 во Струга,
– Геоскенирање и контролно археолошко истражување во с. Ташмаруништа,
– Замена на експонатите од постојаната изложба со нови на тема „Растенија на планината Јабланица“ – 2 дел (Едукативен дел од изложбата),
– Истражување и колекционирање на инсекти и пеперутки од Охридско – Струшкиот регион,
– Превентивна заштита на музејските експонати и музејскиот материјал од музејски штетници,
– Конзервација и реставрација на иконите од иконостасот на црквата „Св. Јован Крстител“ во с. Мислешево, Струга.
Од делот за инвестициско одржување, осигурување, адаптација и набавка на опрема ќе се реализира проектот за замена на надворешна столарија-прозори и врати на Управната зграда на НУ Музеј „Д-р Никола Незлобински“ – Струга.
StrugaOnline
Facebook Коментари