Годишен концерт на КУД ,,Илинден“ и премиера на сценската адаптација ,,Свадба” вечерва во Струга

- Локални
581

Вечерва во Центарот за култура ,,Браќа Миладиновци“ во Струга ќе се одржи триесет и деветтиот годишен концерт на КУД ,,Илинден“.

На концертот ќе настапат сите 200 членови на друштвото.

-И годинава имаме богата програма како што доликува на културното уметничкото друштво ,,Илинден“. Ќе бидат изведени познати кореографски поставки од познати автори од македонскиот фолклор- безвременските ,,Копачија“, ,,Преспански игри“, ,,Охридски игри“ и други. Оваа година, публиката ќе има можност премиерно да ја проследи и изведбата на сценската адаптација ,,Свадба“ од eтничкиот предел ,,Струшко поле“ која е мое авторско дело, а музичката обработка е на Оркестарот при КУД ,,Илинден“. -изјави за Strugaonline Љупчо Милошески , раководител на КУД ,,Илинден“.

Почетокот е закажан во 19:30 часот.

Новата сценска адаптација и целиот годишен концерт се поддржани од Министерството за култура.

Facebook Коментари