Музичкото студио „Соната“ вечерва ќе го одржи својот 25-ти годишен концерт.
Во фоајето при Центарот за култура „Браќа Миладиновци” во Струга, сите членови на ова студио, кои свират на пијано, виолина, гитара и хармоника ќе настапат со композиции од светски познати композитори и на тој начин ќе заокружат уште една успешна година.

Почетокот е закажан за 20:00 часот, цена на билет е 100 денари.
StrugaOnline
Facebook Коментари