Годишен концерт на Основното музичко училиште-Струга на 11-ти јуни

- Локални
580

На 11-ти јуни на градскиот плоштад во Струга годишен концерт ќе одржат учениците од Основното Општинско музичко училиште – Струга.

Повеќе од сто ученици поделени во шест групи ќе настапат со свои песни, во живо со оркестар. Љубителите на музиката ќе имаат можност да проследат квалитетен, поинаков концепт на годишен концерт чиј почеток е закажан за 12:00 часот.

Доколку времето е врнежливо, концертот ќе се одржи во Домот на култура во Струга.

Strugaonline

Facebook Коментари