Лев банер Десен банер

Голем е интересот на пензионерите во Струга за бесплатни прегледи и вакцинација против сезонски грип

На пунтот при Медицинскиот центар во Струга, навреме започна вакцинацијата против сезонски грип, соопштуваат медицинските лица вработени и задолжени за вакцинација во пунктот во Струга, за време на посетата на претседателот на ЗП Струга Милорад Трпоски.

Преку апликацијата вакцинација.мк се пријавени голем број пензионери, а можноста за пријавување продолжува и во наредните денови.

Голем е одѕивот на пензионерите кои досега се пријавија за вакцина против сезонскиот грип. Задоволен сум од покажаниот интерес, а воедно сакам да кажам  и да потсетам дека и понатака е отворена можноста за пријавување, преку апликацијата или преку матичниот лекар-изјави одговорниот доктор во струшкиот пункт, и додаде дека оваа година е набавен историски најголем број вакцини против сезонски грип, четиривалентна вакцина, произведена од реномираниот холандски производител. Со бесплатната вакцина се опфатени ризичните категории, меѓу кои лица над 65 години.

Во пунктот во Струга, посочуваат дека вакцинацијата ќе се спроведува континуирано, се додека има достапни дози, и апелираат до пензионерите навремено да се пријават и да го искористат правото на бесплатна заштита од грип пред почетокот на зимскиот период.

Исто така во Клубот на пензионерите -Струга, на 15 ноември 2025 година, беше извршен бесплатен преглед за очи од страна на регионалнаат очна болница Систина Промедика од Битола, со која ЗПС има потпишано Меморандум за соработка, особено за квалитетна здравствена заштита на пензионерите.

На барање на Комисијата за здравство при ЗП Струга, претседателот Милорад Трпоски организира бесплатен преглед за струшките пензионери, со регионалната болница од Битола, со кои имаат воспоставена редовна соработка.

За време на прегледите на голем број пензионери кои покажаа интерес им беа бесплатни услугите: Прецизно утврдување на диопријата, мерење на очен притисок, преглед на предниот очен сегмент и преглед на ретинота ,и  како што им беа дадени голем број на совети, за некои проблеми со коио се соочуваат пензионерите.

СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

StrugaOnline

error: