Лев банер Десен банер

Голем интерес за Бадниковата поворка во Струга, ќе учествуваат околу 400 деца

После пауза од две години поради пандемијата, оваа година во Струга продолжуваат традиционалните Бадникови поворки. Интересот за учество во Бадниковата поворка годинава во Струга е голем, се очекува да учествуваат околу 400 дечиња.

-Собирот на дечињата кои ќе учествуваат во Бадниковата поворка е закажан за во петок, на празникот Бадник, во 10 и 30 часот во Соборниот храм ,,Свети Ѓорѓи“, а во 11:00 часот носејќи ја Бадниковата пештера тргнуваме низ струшките улици.,,-информира Лидија Николоска, организатор на Бадниковата поворка во Струга.

Таа додава дека после прошетката низ градот, во дворот од црквата секое дете ќе добие новогодишно пакетче и ќе има Бадникова закуска.

Strugaonline

фото: архива

error: