Голем интерес за натпреварот по математика и физика во Јахја Кемал – Струга

- Локални
508

И оваа година, во Јахја Кемал – Струга се одржа традиционалниот натпревар по математика и физика за стипендија, кој привлече голем број на ученици. На натпреварот се пријавија и учествуваа 120 ученици, кои имаа можност да ги покажат своите знаења и да се борат за стипендија.

Целта на овој натпревар е да ги мотивира учениците кон наука и образование, а најдобрите натпреварувачи ќе бидат наградени со можност за упис со стипендија во училиштето.

Организаторите изразија задоволство од големиот интерес а натпреварот продолжува да биде важен настан за младите таленти од овој регион.

StrugaOnline

Facebook Коментари