Голема хуманитарна акција во Струга

- Локални
1007

Комисијата за еднакви можности при Советот на Општина Струга заедно со координаторот на проектот, во соработка со Центарот на заедницата на Општина Струга, Црвен Крст Струга и Центар за социјална работа -Струга, по повод одбележувањето на празникот 8-ми март,меѓународен ден на жената,  а во рамките на реализација на годишната програма за активности од областа на еднакви можности меѓу мажите и жените во Општина Струга во 2018 година организира хуманитарен настан.

Хуманитарната акција вклучува собирање на чиста облека, храна, хигиенски и парични  средства кои ќе бидат донирани во семејства од социјално ранливи категории, корисници на социјална помош и самохрани мајки.

Од Општина Струга испраќаат апел и ги повикуваат сите хумани граѓани, да го дадат својот придонес.

Донациите ќе се извршуваат во Салата на Советот на Општина Струга во вторник, (06.03.2018) во период од 09:00 до 16:00 часот.

Strugaonline

 

Facebook Коментари