Лев банер Десен банер

Градоначалникот Менди Ќура ги прими ракометарките на ЖРК „Струга 2024“ по освоеното трето место

Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, оствари средба со ракометарките од Женскиот ракометен клуб „Струга 2024“, кои сезоната ја завршија со освоено трето место, остварувајќи значаен успех за струшкиот спорт.

На приемот, градоначалникот им упати честитки на ракометарките и на стручниот тим за постигнатите резултати, посакувајќи им уште поголеми успеси и нови спортски достигнувања во сезоните што следат.

Во разговорот со младите спортистки, Ќура истакна дека локалната самоуправа е свесна за предизвиците и условите во кои функционираат спортските клубови, но нагласи дека тие не треба да претставуваат пречка за талентот, амбицијата и посветеноста на младите.

Тој ја повтори заложбата на Општина Струга да продолжи со активности насочени кон подобрување на условите за развој на спортот и да биде партнер на спортските клубови во нивните напори за постигнување нови резултати.

Од Општина Струга посочуваат дека успесите на младите спортисти се причина за гордост и дополнителен мотив за вложување во спортот и создавање подобри можности за развој на младите генерации.

Со освоеното трето место, ЖРК „Струга 2024“ ја заокружи успешната сезона, а признанието од локалната самоуправа претставува поттик за клубот да продолжи со исто темпо и во идните натпреварувања.

error: