Лев банер Десен банер

Градоначалникот Менди Ќура ја пречека Ана Стојаноска – Струга горда на својата претставничка на Детската Евровизија

Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, денеска ја пречека младата струшка пејачка Ана Стојаноска, која годинава ќе ја претставува Македонија на Детската Евровизија, што ќе се одржи во Малта.

Ана неодамна го освои првото место на фестивалот на Македонската радио-телевизија, со што заслужено обезбеди право да настапи на најголемата детска музичка сцена во Европа.

Стружани веќе имаа можност да уживаат во нејзиниот талент за време на манифестацијата „Денот на Езерото“, каде Ана ја воодушеви публиката со својот препознатлив глас, сценски настап и извонредна интерпретација.

На приемот, градоначалникот Ќура ѝ го честиташе големиот успех и истакна дека Општина Струга секогаш ќе биде поддршка на младите таленти кои со својата работа, труд и успеси достојно го претставуваат градот и државата на домашната и меѓународната сцена.

„Ана е вистински пример дека талентот, посветеноста и упорноста носат големи успеси. Горди сме што токму Струга има своја претставничка на Детската Евровизија и веруваме дека достојно ќе ја претстави Македонија во Малта“, порача градоначалникот.

Настапот на Детската Евровизија претставува голем чекор во музичката кариера на младата стружанка и можност својот талент да го претстави пред милионски аудиториум.

Од Општина Струга упатија искрени честитки и ѝ посакаа многу успех на Ана Стојаноска, со уверување дека ќе биде достоен амбасадор на Македонија.

„Струга е горда на тебе, Ана! Ти посакуваме многу успех во Малта!“, е пораката што ја испратија од локалната самоуправа.

StrugaOnline

error: