Кривичниот суд во Струга го ослободи од обвинение актуелниот градоначалник Рамиз Мерко, кој се гонеше за набавка на луксузен автомобил „Ауди“, вреден 67 илјади евра.

„Судот НЕ УТВРДИ дека градоначланикот Рамис Мерко повредил некоја норма од закон во врска со набавката на возилата во 2018 година“, известуваат од кабинетот на градоначалникот на Општина Струга, Рамис Мерко.
Обвиненијата против Мерко беа поднесени во март 2024 година. Претходно, со посебна проверка во обвинителството во Струга беше утврдено дека Мерко е осомничен за најмалку 30 кривични дела. После тоа, против него беа покренати низа обвиненија и нови истраги за злоупотреба на службената положба.
StrugaOnline
Facebook Коментари