Градоначалникот Мерко го надгледува работењето на патот од мостот на Мороишта до влезот на Драслајца

- Локални
1569

Градоначалник на Општина Струга, г. Рамис Мерко, заедно со пратениците г. Агим Шаќири и г. Јован Митревски внимателно го надгледуваат работењето на патот од мостот на Мороишта до влезот на селото Драслајца.

“Вчера, градоначалникот на Општина Струга беше на терен заедно со пратениците од на лице место внимателно ја следеа реконструкцијата на патот од двете страни од мостот на Мороишта до влезот на селото Драслајца. Ова е инвестиција во соработка со Општина Струга и “Македонија пат “. Дестан Бајрами, одговорен за филијалата на “Македонија пат“, вели дека во деновите што доаѓаат по завршувањето на реконструкцијата, ќе продолжи целосно асфалтирање на коловозот.“ – информираат од Општината.

Овој пат беше проблематична точка за голем број жители во оваа област и на овој проблем конечно ќе се стави крај.

Strugaonline

Фото: Општина Струга

Facebook Коментари