По повод Бадник и големиот христијански празник Божик, градоначалникот на Општина Струга, Рамис Мерко, на сите верници од православна вероисповед им ги честита Божиќните Празници.
„Ви посакувам многу љубов, среќа, хармонија, здравје и благостојба.Нека овие празници ве најдат дома со весела атмосфера меѓу најблиските и најсаканите и нека бидат почеток на една береќетна година.“ – напиша Мерко во честитката.
Честитки упати и тимот на МЈП „Проаква“ Струга.
„Овие празници нека донесат во вашите семејствата многу среќа, здравје и љубов , сите да сте заедно со вашите најсакани во вашите домови во пријатна атмосфера и на ваков убав начин нека ви продолжи целата година. “ – велат од претпријатието.
Strugaonline
Facebook Коментари