Лев банер Десен банер

Градоначалникот Мерко ќе се кандидира за нов мандат на локалните избори во октомври

Актуелниот градоначалник на Струга, Рамис Мерко ќе се кандидира за нов градоначалнички мандат на претстојните локални избори што ќе се одржат во октомври.Оваа информација ја објави вицепремиерот и министер за политички систем, Артан Груби кој учествуваше на трибината во Струга „20 по Охрид“ организирана по повод одбележувањето на 20 -годишнината од Охридскиот договор.

– Ќе жнееме уште една победа, благодарение на работата и трансформацијата што Рамис ја направи во Струга – рече Груби.

Доколку ги добие изборите, Мерко ќе биде градоначалник на Струга по трет пат.

error: