Градоначалникот Мерко на средба со инвеститори од Белгија
Градоначалникот на Општина Струга, Г-дин Рамис Мерко, денеска се сретна со инвеститори од Белгија и со директорот на ТИРЗ , Г-дин Александар Младеновски.

Градоначалникот ги пречека инвеститорите и им ја претстави Струга како туристички град со голем потенцијал и капацитет за развој на бизнис . Исто така, Мерко спомена дека во Струга се наоѓа и индустриско технолошката развојна зона која има многу добра локација така што ги опфаќа трите општини : Oхрид , Дебрца и Струга.

Инвеститорот изрази интерес за инвестирање во Општина Струга и сакаше да дознае повеќе за средните училишта и за бројот на ученици.

Градоначалникот Мерко нагласи дека од страна на Општина Струга тие имаат и секогаш ќе имаат поддршка за вакви иницијативи.
Strugaonline
фото: Општина Струга

