Градоначалникот Мерко на терен, ќе се отвараат нови ленти од кружниот тек кај полицијата до ресторанот ,,Аполонија“

- Локални
918
Градоначалникот  на Струга,  Г-дин Рамис Мерко,  денеска излезе на терен за да ги следи мерењата направени според елаборатот и деталниот план.
Станува збор за отворање нови ленти на централниот пат од кружниот тек до полицијата до ресторанот Аполонија.
,,Во северниот дел на патот има  објекти што  ќе бидат експроприрани и нема да претставуваат проблем за проектот да се спроведува без прекини.,,-информираат од Општина Струга.
Од таму додаваат дека овој капитален проект ќе овозможи лесно движење на возилата, истовремено ќе се обезбедат околу 300 нови паркинг места, тротоари за пешаци, атмосферска канализација, улично осветлување и целосно нов систем за собирање електрични кабли под земја.
Strugaonline

Facebook Коментари