Градоначалникот Рамис Мерко денеска во просториите на општина Струга оствари работна средба со амбасадорот на Австрија, Мартин Памер.

-На средбата се разговараше за внатрешните инвестиции и оние на дијаспората, а тоа се нашите сограѓани кои живеат и работат во Австрија, локалниот економски развој и УНЕСКО како регион на културно и природно наследство. Тема беше и развивањето на туризмот како главната гранка за развој на нашето место-стои во соопштението од Општина Струга.

Следната средба е закажана за месец август.
Strugaonline
Facebook Коментари