Градоначалникот Мерко учествува на симпозиумот на Македонското археолошко друштво

- Локални
865

Вчера започна дваесет и четвртиот симпозиум на Македонското археолошко друштво што ќе трае  до 10-ти мај . На отворањето на симпозиумот присустуваше и градоначалникот на Општина Струга Г-дин Рамис Мерко, како и  директорката на Управата за заштита на културно наследство Елеонора Петрова –Митевска, директорот на Археолошки музеј на Република Северна Македонија Горан Санев,  и археолози од целата земја.

За време на тридневниот симпозиум ќе се дискутираат теми поврзани со историјата на археолошките истражувања  во струшкиот и охридскиот регион, заштитените подрачја во овој регион, подводната археологија и други теми од оваа област.

Strugaonline

Facebook Коментари