Лев банер Десен банер

Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, е добитник на признанието „Личност на годината 2025“, според емисијата Opinion

Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, е добитник на признанието „Личност на годината 2025“, според емисијата Opinion.
Во своето обраќање, тој истакна дека по повеќе од 33 години искуство во бизнис-секторот, верува дека е време луѓе со реално менаџерско и економско искуство да придонесуваат во политиката, со цел носење одговорни и одржливи одлуки.
 
Градоначалникот нагласи дека низ годините инвестирал не само во бизнисот, туку и во себе како личност и во заедницата, а Струга ја посочи како своја најголема љубов и мотивација.
 
Како градоначалник, тој потенцира дека во наредните четири години ќе го вложи целото свое знаење и искуство во развојот на градот, останувајќи доследен на даденото ветување – Струга да стане подобро место за живеење.
 
StrugaOnline

error: