Лев банер Десен банер

Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, оствари посета на Центарот за деца од аутистичниот спектар и деца со атипичен развој

Во духот на хуманост, чувствителност и општествена одговорност, градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, оствари посета на Центарот за деца од аутистичниот спектар и деца со атипичен развој.Посетата претставува дел од континуираната заложба за поддршка на инклузивни иницијативи и грижа за најранливите категории во заедницата.

Со своето присуство и поддршка, градоначалникот им упати порака на солидарност и охрабрување, дарувајќи им на децата не само материјална поддршка, туку пред сè надеж, насмевки и чувство дека никогаш не се сами, при што беше истакната подготвеноста на Општина Струга и понатаму да стои покрај ваквите центри и семејства.

StrugaOnline

error: