Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура во посета на Центарот за згрижување деца со посебни потреби ЦФДК во Струга
Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, оствари посета на Центарот за згрижување деца со посебни потреби ЦФДК во Струга. Посетата беше реализирана во духот на новогодишните празници и во рамки на континуираната грижа и поддршка за ваквите центри и иницијативи.
Во рамки на посетата, на штитениците на центарот им беа доделени новогодишни пакетчиња, при што градоначалникот им упати желби за успешна година исполнета со здравје, љубов и радост, нагласувајќи дека Општина Струга целосно ја поддржува работата и мисијата на центарот.StrugaOnline
