Градоначалникот на Струга ги прими младите спортисти од клубот „3 Дисциплини“ од Струга
Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, денеска оствари средба со младите спортисти од клубот „3 Дисциплини“ од Струга, заедно со нивниот тренер, Никола Кутаноски.
На средбата, младите спортисти ги споделија своите спортски успеси, цели и предизвици со градоначалникот, кој ја изрази целосната поддршка – како лична, така и институционална – за развојот на спортот и за поттикнување на младите таленти.
Градоначалникот Ќура нагласи дека програмата за спорт во Општина Струга годинава располага со двојно зголемени средства, што ја прави една од најзначајните програмски области на општината. „Струга отсекогаш била расадник на успешни спортисти, кои треба да ги поддржуваме и да бидат наша гордост“, потенцираше тој.
Општина Струга останува посветена на вложување во спортот, младите и здравите животни навики, инвестиција која директно ја гради иднината на заедницата.
StrugaOnline

