Градоначалникот на Вевчани најстрого го осуди палењето на бугарското знаме на Вевчанскиот карневал
Општина Вевчани најостро го осуди чинот на палење на знамето на Република Бугарија за време на карневалот во Вевчани.

-Овој чин не соодејствува со ставот на Општината и најголемиот процент на нејзиното население. Напротив, Вевчани е меѓу првите општини во Македонија збратимено со градчето Мелник, општина Сандански, како членови на Асоцијацијата на карневалските градови кои негуваат слични традиции. Општина Вевчани и Вевчанци и во минатото веднаш ги осудувало палењата и на знамиња и на други држави и упорно стоиме на ваквиот став и во иднина ѝ сметаме дека ваквиот чин на изразување револт е недопустлив макар и за најирационалниот, најстариот и најавтентично сочуван пагански карневал во светот како што е опишуван Вевчанскиот карневал низ годините од речиси сите светските медиуми.-напиша на својот FB профил градоначалникот на Вевчани, Сашо Јанкоски.
Јанскоски изрази надеж дека овој несреќен чин и ирационален чин нема да фрли дамка на меѓусоседските односи.
Strugaonline
