Градоначалникот Пецаков оствари средба со претседателот на здружението ,,Храбро срце“ Васко Јолески

- Локални
626
Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков,  во својот кабинет го прими претседателот на националното здружение на пациенти со механичка потпора на срце,,Храбро Срце”, Васко Јолески.
На средбата од страна на Пецаков на Јолески му беше искажана силна поддршка за оваа група на граѓани ветуваќи дека секогаш за се што е во рамки на законските регулативи е спремен да помогне. Исто така на средбата беше договорено и ослободување од плаќање на надомест за паркирање на оваа група на граѓани.
Градоначалникот Кирил Пецаков искажа и силна поддршка за напорите на здружението кои ги прави во борбата за подигање на свеста за органодарителството.
Од НЗ,,Храбро Срце”  искажаа  огромна благодарност до градоначалникот Пецаков изразувајќи надеж дека и останатите градоначалници во Република Македонија ќе ја пружат нивната поддршка на оваа група на граѓани.

Facebook Коментари