Градоначалникот Рамис Мерко подготвува проект за прифатилиште за бездомни кучиња

- Локални
714

Градоначалникот Рамис Мерко подготвува проект за прифатилиште за бездомни кучиња. Соопштението од Општина Струга ви го пренесуваме во целост:

По отпочнувањето на процедурите за третирање на кучињата скитници, градоначалникот Рамис Мерко подготвува проект за прифатилиште за бездомни кучиња и воедно упати барање до Владата да помогне во реализацијата на овој проект, преку заеднички средства или од ИПА фондовите.
Истовремено градоначалникот апелира до организациите за заштита на животните посериозно да се позанимаваат со оваа проблематика, не само да се грижат за кучињата, туку и да иницираат заштита на луѓето, следење на луѓето кои ги растоваруват кучињата во нашиот град и нивно пријавување до надлежните институции.
На пошироката струшка јавност добро и е познато ова прашање и сите сме свесни колку каснувања предизвикале овие кучиња, колку страв сеат, особено кога станува збор за деца, дами и нашите постари родители или други беспомошни лица. Наш приоритет секогаш ќе остане безбедноста и здравјето на нашите граѓани, но и заштитата и зачувувањето на животните.
Овој проект го изработија струшките архитекти Валмир Далипи и Бесјан Положани на барање на градоначалникот Мерко.

Facebook Коментари