Градоначалникот Рамиз Мерко го осудува вандалскиот чин на уништување на бистите Анте Поповски и Славко Јаневски
Не стивнуваат реакциите откако непознати сторители вчера ги вандализирале спомен бистите на македонските поети Анте Поповски и Славко Јаневски во Струга.

Со осуда за вандалскиот чин излезе и градоначалникот Рамиз Мерко:
„Почитувани граѓани, Дозволете ми, во мое лично име и во име на Демократската унија за интеграција – Струга, да ја изразам мојата најдлабока огорченост од вандалскиот чин на сквернавење на двете бисти на поетите Анте Поповски и Славко Јаневски во Струга. Овие понизни дела не припаѓаат на овој мирен, и културен град. Ја користам оваа прилика да побарам од надлежните органи да ги откријат сторителите и мотивот на овој вандалски чин“. – изјави актуелниот градоначалник Рамиз Мерко.

Полицијата работи на откривање на сторителите и мотивите на овој вандалски чин.
Настанот е пријавен, полициски екипи веднаш излегоа на терен да извршат увид на местото каде е извршено оштетувањето – изјави портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Истотака од поетската манифестација „Струшки вечери“ го осудија сквернавењето на бистите на македонските поети. Од манифестацијата излегле веднаш на терен за да ги извадат бистите од Езеро и да ги вратат на нивните постаменти.
StrugaOnline

