Oпштина Струга преку соопштение за јавност ги информира граѓаните дека почнувајќи од месец јули 2018 година влегувањето во просториите на Општина Струга ќе се регулира на Рецепција на општината, при што секој граѓанин при влез во општината ќе добие електронска картичка за посетители.
„Ова се прави со цел почитуваните граѓани да не шетаат по канцеларии горе-долу, барајќи ги административните службеници и чекајќи ги низ ходниците на зградата.“ – велат од Општина Струга.
-Секоја средба со административните службеници ќе се планира и реализира претходно на Рецепција, каде ќе можете да се пријавите со име и презиме, електронска картичка за влез-излез и кој/која административен службеник/административна службеничка сакате да го/ја сретнете за ваши различни цели.- додаваат од општината.
Strugaonline
Facebook Коментари