Граѓаните на Струга со протестен марш побараа трајно решавање на проблемот со депонијата

- Локални
2191

Со протестен марш низ улиците на Струга ,стружани побараа чиста животна средина и трајно решавање на проблемот со депонијата која веќе подолг период непрестано гори од внатрешната и од надворешната страна, понекогаш со помал. а понекогаш со поголем интензитет. Со транспарентите „Чист воздух сега“, „Немаме резервна Струга“, „Град без чад“ граѓаните  ги испратија своите пораки и ја искажаа својата загриженост поради сите негативни ефекти врз здравјето на луѓето кои би можеле да се јават како последица од загадениот воздух предизвикан од горењето на депонијата.

„Бараме, Владата  да одржи вонредна седница на која ќе се формира работно тело составено од претставници и експерти  од Министерството за животна средина, Министерството за екологија и претставник на инспекторатот за животна средина од Општина Струга. Тоа работно тело, врз основа на анализи да излезе со предлог локации за идно одлагање на отпадот во општина Струга, се до формирање на регионалните депонии“ – истакна Глигорие Ќатоски, претставник на Граѓанската иницијатива „Доста“ која беше формирана после Велигденските празници кога Струга се гушеше во облаци од чад.

Ќатоски упати апел и за што побрзо формирање на регионалните депонии, бидејќи како што вели, ова  не е проблем само во Струга, тој додаде дека во Македонија има само две легални депонии.

Извор: Strugaonline

Фото: Strugaonline

Facebook Коментари