Граѓанската иницијатива „Доста“ организира протест за одговорност

- Локални
1190

Граѓанската иницијатива објави соопштение за нов протест, овој пат наменет за институциите. Целта на протестот е да се испрати порака дека само со одговорни институции, одговорни индивидуи и одговорно однесување може да се придонесе кон решение на проблемот со струшката дива депонија Во целост ви го пренесуваме соопштението од Граѓанската иницијатива

„Овој протест е наменет за институциите. Ние како граѓанска иницијатива бараме одговорни институции кои ќе си ја вршат својата работа согласно своите овластувања.Само со одговорни институции, одговорни индивидуи и одговорно однесување може да придонесeме кон решение на проблемот со струшката дива депонија и идно превенирање од вакви слични појави. Поради горенаведеното Ве повикуваме сите во свое име и име на своите идни поколенија на ПРОТЕСТ ЗА ОДГОВОРНОСТ за загадувањето
15.06. Четврток пред Општина Струга и Основно Јавно Обвинителство Струга (Основен Суд)
Збирно место, паркинг пред Центар за Управување со Кризи (зграда на Народна Одбрана) во 12 часот.“

Извор: Strugaonline

Facebook Коментари