Граѓански буџетски форум оваа среда во Струга

- Локални
1093

Центарот на заедницата на Општина Струга во соработка со Општина Струга сите заинтересирани граѓани ги поканува  на граѓански буџетски форум. Форумот ќе се одржи на 20.12.2017 година (среда) со почеток во 11.00 часот во хотел „Дрим“ Струга .


Целите на форумот се зголемување на учеството на граѓаните во процесот на носење на буџетот на општината и зголемување на транспарентноста на општината.

Присутните граѓани ќе имаат можност да ги проследат и да дискутираат за планираните програми и проекти од буџетот за 2018 година на Општина Струга.

Граѓанските форуми во општина Струга ги имплементира Центарот на заедницата на општина Струга со финансиска поддршка од Фондацијата Отворено општество Македонија, во рамки на институционалниот грант кој што Центарот на заедницата на општина Струга го има добиено за 2017 година.

Strugaonline

 

Facebook Коментари