„Грозје од кукавица“- нова поетска книга од Славе Ѓорѓо Димоски, промоција на 27 јуни во Охрид
Во издание на ПНВ Публикации од Скопје, од печат излезе новата книга од Славе Ѓорѓо Димоски насловена како „Грозје од кукавица“.

Промоцијата е закажана за четврток, од 19:00 часот во кафе и бар „Шила“ во Охрид.
Промотор ќе биде Јулијана Величковска
Книгата претставува завршен дел од трилогијата со неоангажирана (терминот е од авторот) поезија (другите две книги се „Извештаи на Рисот, 2016 г. и „Јазик и леб“,2019 г.), бидејќи во однос на класичната анагажирана поезија, која често е и патетична, овде се пародираат општочовечки и национални теми како стравот, сомнежот, свеста дека е изгубена секоја надеж, химната, најпознатата реченица на Делчев, дека владее логиката на интересот, а не логиката на моралните вредности итн.
Во книгата се воспоставува однос помеѓу политиканството кое шири разочарувачки дехуманизирани сигнали и поезијата која е нешто последно што може да ја спаси чистата човечка свест.

