Група млади ентузијасти вредно работеа на ре-адаптација на училиштето во c. Вишни

- Локални
1585

Оваа сабота (5 август)  група млади ентузијасти вредно и посветено работеа на  ре-адаптација на старото и напуштено училиште во с. Вишни. Целта беше  напуштеното училиште да се претвори во Младински центар. Младите луѓе кои се вклучија во оваа акција успешно учествуваа во процеост на  собирањето на потребните ресурси за да се постигне поставената цел.

Акцијата која е организирана да се спроведе овој месец е поддржана од Национален младински совет на Македонија во рамки на кампањата „Мрдни со прст“.

Од фотографиите може да се забележи пријатна работна атмосфера која ќе владее и во Младинискиот центар кој ќе биде создаден во старото училиште во с. Вишни.

Извор: Strugaonline

Фото: Данче Секулоска fb

Facebook Коментари