Група пензионери од Струга со свои средства поправија и бојадисаа дел од клупите во градот

- Локални
716

По иницијатива на пензионерот дипл.инж. Трајче Пљушкоски се собраа една група на струшки пензионери и пред плажата на „Галеб“ презедoa акција со која беше извршена поправка на скрешените и дотраени делови на клупите  што се дел од овој простор.

Со цел да го подобрат ликот на овој дел од туристичка Струга собраа свои средства, потрошија време и труд,  поминаа од зборови на дело. Скршените и дотраени делови од клупите  здружено беа поправени и бојадисани, беа заменети и дотраените делови,така што со обновата на повеќето од нив се создадоа пријатни услови туристите и граѓаните во овој дел да најдат пријатно катче за одмор и разговор.

„Нашата акција и активности потекнаа спонтано, но затоа го привлекоавниманието на еден број струшки пензионери кои ни се приклучија. Но, ние нема да застанеме тука, туку напротив,бидејќи имаме доволно слободно време,а и желба нашата Струга туристичкаи да биде убаво уредена, планираме да преземеме  вакви и слични активности и акции и во други делови на градот во иднина.Со тоа ќе ги потикнеме нашите колеги и пензионери и тие да учествуваат и да организираат вакви и слични активности за доброто на сите. – истакнува нашиот соговорник иницијаторот Трајче Плушкоски.

– Ова е многу добар и поучен пример дека кога се сака нешто да се преземе за подобрувањето на нашиот живот тогаш може да се најдат и учесници но и да се соберат средства за реализацијата на замислената идеја. Примерот од Струга е е за поздравување и истакнување, вели претседателот на ЗП Струга Милорад Трпоски кој на членовите од Извршниот одбор ќе предложи оваа иницијатива ако продолжи , во иднина да биде материјално помогната од страна на ЗП Струга.

Текст и фото: Стојан Кукунешоски

Facebook Коментари